Додека во НБА лигата во Америка се решава кој ќе биде нов шампион, Кевин Дурент веќе е на одмор откако неговиот Бруклин Нетс беше исфрлен од Бостон Селтикс со 4-0. Но, Дурент не може без кошарка ниту на одмор, па во живо во Пиреја го следеше четвртфиналниот натпревар од Евролигата.

Навикнат на театарска атмосфера во НБА, каде навивачки групи не постојат, а гледачите често се казнуваат за директни навреди кон играчите со исфрлање од салата, Дурент остана во шок гледајќи го пиротехничкото шоу на симпатизерите на Олимпијакос во четвртфиналето на Евролигата. „Апокалипса“, напиша тој на Твитер заедно со снимката од Салата на мирот и пријателството.

Дурент не изгледаше воодушевен од огнената атмосфера а Грците славеа 94:88 и им се приклучија на Реал Мадрид, Барселона и Анадолу Ефес со вкупни 3:2.

https://twitter.com/KDTrey5/status/1521951239138734080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521951239138734080%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-duranta-sokirala-atmosfera-u-pireju-zbog-ovoga-se-u-americi-ide-u-zatvor%2F2361793.aspx