Во финалето на Лига Европа ќе играат Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс. По 2:1 од Лондон, во возвратниот дуел Ајнтрахт победи против Вест Хем (1:0) и со тоа го освои првото европско финале по 1980 година, кога го освои Купот на УЕФА.

Штом судијата означи крај на натпреварот, на теренот започна големо славје. Неколку илјади навивачи на Ајнтрахт Франкфурт истрчаа на тревникот на стадионот. Со факели и песна заедно со играчите прославија голем успех.