Шампионот на Шкотска Ренџерс го исфрли РБ Лајпциг во полуфиналето на Лига Европа и го закажа финалето со Ајнтрахт Франкфурт. На Ајброкс натпреварот заврши со 3-1 за шкотскиот тим и ова е нивно прво финале на континентално натпреварување по 14 години.

Натпреварот го одбележа спектакуларна атмосфера во Глазгов, а по натпреварот клубот објави видео од камерман кој имал задача да го снима натпреварот од платформата на покривот на стадионот. Не му беше лесно бидејќи стадионот буквално се тресеше.