Жозе Мурињо ептен емотивно го дочека крајот на синоќешната триумф против Лестер (1-0), кој значеше пласман на Рома во финалето од Конферециската лига, прво европско за клубот по три децении.

Португалецот со солзи на лицето славеше по голоемата победа, која му донесе можност да го комплетира и третиот европски пехар, по освоените трофеи во Лигата на шампионите (со Порто и Интер) и во Лига Европа (со Манчестер Јунајтед).

„Преморен сум, само сакам да си одам дома. Пресреќни сме, ова е победа на семејството, бидејќи Рома е една голема фамилија. Одигравме одлично,иако некој можеби нема да се согласи со тоа, но кога вашиот голман ќе има само две одбрани за 180 минути игра против екипа од Премиер лигата, тоа значи дека нешто сте направиле добро. Во финалето сме и сега сакаме да победиме во него и да го кренеме пехарот“, изјави Мурињо.

Рома за трофејот ќе ги одмери силите против Феенорд, кој одигра нерешено на реваншот против Марсеј (0-0), со што ја задржа предноста од првата средба на домашен терен (3-2).

https://twitter.com/formal_manners/status/1522336951256424448?s=20&t=1xkxyd4thGpJ1sh2yKbrHw