Интер со крајни маки дојде до победа (1-2) над Лече во првото коло од Серија А. Во последните мигови од мечот, буквално во последниот напад, Дензел Дамфрис успеа да ја испрати топката во мрежата и донесе триумф.
Ромелу Лукаку во втората минута донесе водство за Интер на овој меч, но израмни Асан Сисеј на почетокот на второто полувреме.