Фудбалерките на Соединетите Американски Држави ја совладаа Замбија со убедливи 3-0 на стартот на Олимписките игри во Париз. За само осум минути Американките дадоа три гола со кои го решија дуелот во своја корист.
Првиот беше дело на ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман, Тринити. Таа го одбележа првиот ден на женскиот турнир со гол за најавните шпици. Тринити Родман доби топка од Линдзи Хоран на пеналтикот, а приемот и беше перфектен со пета. На тој начин ја исфрли својата чуварка и погоди за предност на САД.
Бргу по неа следеа два голови на Мелори Свенсон, а по половина час игра Замбијките останаа со играч помалку. До крајот Соединетите Американски Држави рутински ја одбранија победата без да трошат сили.