Уште едно изненадување се слуќи на женскиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз. Откако селекцијата на Јужна Кореја го зеде скалпот на Германија, падна и моќната Норвешка и тоа од лутиот ривал Шведска.
Женската селекција на Шведска му нанесе неочекуван пораз на олимпискиот шампион од пред дванаесет години. Норвешка важи за еден од главните фаворити за златниот медал, но таа улога ја започна неславно (28-32).
Првото полувреме не навестуваше ваков крај. Норвешките ракометарки играа сигурно и го имаа водството на своја страна (17-15), но во вториот дел Шведска одигра речиси без грешка и стигна до заслужена победа од четири гола разлика (28-32).
Најдобра ракометарка кај победничкиот тим беше Хагман со осум гола, додека за Норвешка по седум погодоци постигнаа Офтедал и Нора Морк.