Француските ракометарки започнаа со триумф на Олимписките игри во Париз, откако ја совладаа Унгарија со 31-28.
Унгарија се покажа како незгоден противник и уште на стартот поведе со 6-2, но потоа Франција влезе во ритам и израмни на 8-8, а до крајот на првите 30 минути стигна до 15-12.
Франција и во вториот дел се мачеше против Унгарија, која неколку пати намали на еден гол негатива, но на крајот победата им припадна на Французинките.
Најефикасна во победничкиот тим беше Естел Нзе Минко со шест голови додека Паулета Фопа постигна пет гола.
Во групата Б по два бода имаат Франција, Холандија и Бразил, додека без бодови се Ангола, Унгарија и Шпанија.