Еурофарм Пелистер на домашен терен го совлада Тиквеш

Еурофарм Пелистер лесно стигна до 12. победа во Супер-лигата.

Битолчаните на домашен терен го совлада Тиквеш со убедливи 25-16 (15-5), во рамките на 13 коло.

Следниот натпревар Пелистер го ига против Спортинг во рамките на Европската лига на домашен терен закажан за во вторник.

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 2, Маџовски 1, Велковски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 1, Танкоски 1, Периќ, Костески 8, Кукоски, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ 1, Табоада 3, Граџан 3

Тиквеш:
Стојаноски, Велков, Гичев, Трајковски, Лазов, Дрогришки 5, Темелковски 1, Стефановиќ 2, Соколов, Гошевски 1, Кондев, Окардов 1, Коцев 1, Симиќ, Јанчев 2, Трпчевски 3

Ненад Костески со осум и Матео Мараш со четири гола, беа први стрелци кај победникот, додека кај Тиквеш, Стефан Дрогришки имаше пет гола.