Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години претрпе пораз во денешниот натпревар против Црна Гора со 26-23.
Македонија по херојското реми со силната Португалија, одново одигра солидно прво полувреме, но потоа следуваше пад во вториот дел кој резултираше со пораз.
Посебно одлична Македонија беше во почетните минути во кои поведе со 5-0 кога Црна Гора го постигна првиот гол на натпреварот. Тие пет разлика беа и највисоката предност до која Македонија дојде на оваа средба.
Во продолжение нашето темпо на игра опаѓаше, а Црна Гора полека резултатски се враќаше. На пауза заминавме со предност од два гола (10-12).
Со подобра игра продолжи Црна Гора и во вториот дел, дојде до првото водство (14-13) и од тој момент не ја испушти предноста. Долго време се држевме на два-три гола разлика, но за повеќе немавме сила.
На крајот Црна Гора оствари победа од од три гола разлика. Oвој пораз значи и дека Македонија ќе разигрува за место од 13. до 16. позиција на првенството.