Ова беше прв меч пред публика за ракометарите, после две и пол години, токму со притисокот од трибините, „црвено-жолтите“ во последните 15. минути го урнаа целосно отпорот на противникот.
Мечот дефинитивно беше во знакот на Филип Талески, дуелот го заврши со десет гола од 13 обиди. Лазаров постигна седум гола, исто колку и Ф. Кузмановски. Митревски запиша осум одбрани, Томовски една.. Поведовме со 3-0 по само две и пол минути игра. Македонија водеше и со плус четири 5-1 и 7-3. Во овој дел незапирливи беа Талески и Кузмановски. По последните 12-11, Лазаров со три седмерци, ја врати Македонија на плус четири (15-11) и на 16-12, за жал ова водство не го сочувавме, на одморот беше 16-13.
Серија од 3-1 на стартот на второто полувреме за прво водство од пет гола (19-14) во 35. минута.
Талески со два гола (еден цепелин со Лазаров) зголеми на 21-17. Романија не се предаваше, го користеше секој момент, да дојде на негатива која ќе биде достижна за реваншот. Талески (три гола) повторно го прекина „молкот“ во нападот, се надоврза Георгиевски (25-20).
Пасквал повика тајм-аут, но не вроди плод. Лазаров со седмиот погодок, а потоа Столе зголемија, па Кузмановски целосно ја патосираа Романија, во 57. минута беше 30-21.Останува нашите момци да одиграат уште еден одличен меч и да го заверат местото во следниот бараж.