Чиле се покажа како тврд противник и водеше со 4-2, но Црна Гора со серија од 5-0 стигна до 7-4. Возбудувањата продолжија до крајот на првиот дел, неколку пати Чилеанците се враќаа од негатива.
Црна Гора почна да доминира и ја одржуваше предноста од три голови до крајот, Чиле се обиде да спаси бод, но не успеа. Милош Вујовиќ со 12 голови беше најефикасен во победата на Црна Гора.
Французите тргнаа фуриозно уште во првото полувреме против Словенија и стигнаа до предност од пет гола (15-10), иако словенечките ракометари намалија на 14-16. Во вториот дел Французите ја имаа контролата и постојано ја зголемуваа предноста која во еден момент стигна до седум гола (29-22).
Словенија успеа да ја намали негативата, но не и да го изненади фаворитот, па загуби со 31-35. Влах беше најефикасен со девет голови, додека на спротивната страна Маје постигна седум погодоци.
На останатите натпревари Бразил славеше против Зеленортска Република со 30-28, додека Исланд ја прегази Јужна Кореја со 38-25.