Селекцијата до 20 години заврши како петорангирана на шампионатот, а денеска успеа да се оствари победа над селекцијата со која ремизираше во пораната фаза на турнирот.
Македонија на 16-ти јули одигра 23:23 против Украинците, но денеска нашите млади момци беа подобри против истите ривали и остварија победа од три гола разлика.
Крилото Петковски беше најдобро во нашиот тим и постигна дури седум гола, следен од Шулевски кој пет пати се запиша во листата на стрелците.
Македонија го завршува овој турнир со три победи, два порази и едно реми, а петтото освоено место треба да биде само потстрек за избраниците на Бранко Ангеловски.