Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го изненади Карлос Алкараз во финалето на АТП турнирот во Хамбург во дуел на двете големи ѕвезди во надоаѓање.
Италијанецот го освои првиот сет со 6-4, а во вториот сет пропушти дури пет меч топки да ја освои титулата, па Алкараз израмни на 1-1 во сетови во тај-брејкот. Во третиот Мусети повторно славеше со 6-4 па успеа да дојде до својата прва титула во кариерата.
Алкараз утре на најновата АТП ранг-листа ќе се искачи на 5.место, но можеше и едно место погоре ако славеше во денешното финале.