Српскиот ас славеше со 2-0 (6-0, 6-1) за само 45 минути игра, a интересно е тоа што публиката во Белград му даде огромен аплауз на Ксилас при освојувањето на единствениот гем на мечот. На прес-конференцијата тој беше со измешани чувства – разочаран од тешкиот пораз, но горд што се сретна со Ѓоковиќ.
„Борбата со веројатно најдобриот тенисер на сите времиња никогаш не може да биде лесна, но поминав низ тоа, ми се допадна. Малку разочаран од својот тенис, но целото искуство е позитивно. Прилично сум сигурен дека Новак ми го подарi тој гем, а аплаузот од публиката беше посебен“, рече грчкиот тенисер.
Србија води со 2-0 по првиот ден од дуелите со Грција, а утре на програмата е мечот во двојки. Грците се хендикепирани бидејќи не игра првиот рекет во оваа земја Стефанос Циципас.