Јаник Синер без поголема мака го прегази Димитров и го освои турнирот во Мајами. Италијанскиот тенисер Синер, триумфираше на мастерсот во Мајами, откако во вчерашното финале лесно и убедливо го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров (6-3, 6-1).
Италијанецот и пред мечот беше голем фаворит, но се очекуваше многу поголем отпор од Бугаринот, кој некако се држеше само во првиот сет, за да се распадне во вториот. Јаник Синер со овој триумф дојде до 8.710 поени на АТП листата, што значи дека сега е на второто место во светот, а зад себе го остави Карлос Алкараз со 8.645 поени. Тој исто така му се приближи до најдобриот Новак Ѓоковиќ на 1.015 поени заостанување.
Победникот во Мајами, сепак, нема да може да го престигне Србинот на претстојниот мастерс во Монте Карло, со оглед на тоа што Србинот не брани многу поени од лани, додека Италијанецот ќе мора да стигне до полуфинале за да не загуби бодови од сегашното салдо.