Еден од најчудните натпревари оваа година беше одигран во Акапулко, каде што главни актери на теренот беа бугарскиот тенисер Григор Димитров и Американецот Стефан Козлов, кој славеше по тричасовна борба со 7-6, 5-7 и 6-3.
Американскиот тенисер, кој е роден во Скопје во 1998 година, водеше со 4-3 во вториот сет и направи брејк, но потоа се случи нешто неочекувано и тој само падна на теренот, по што почна да се грчи и да бара помош од медицинските екипи, а на крајот и се расплака од болката.
Димитров веднаш пристигна до ривалот за да му помогне, а потоа на теренот ја искористи болката на Американецот за да направи пресврт и да го добие вториот сет со 7-5.
https://twitter.com/TennisTV/status/1496001343215083520?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496001343215083520%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.rs%2Ftenis%2Fatp%2Fsrusio-se-zbog-grceva-pa-pobedio-i-izvinio-se-nadalu%2FКозлов, сепак, не се предаде и реши да се бори до крајот, па во последниот сет стигна до 6-3 и потоа му испрати интересна порака на Рафаел Надал.
„Рафа, извини што морав да го скратам тренингот денеска“, напиша Козлов.
https://twitter.com/TennisTV/status/1496019819199664135?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496019819199664135%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.rs%2Ftenis%2Fatp%2Fsrusio-se-zbog-grceva-pa-pobedio-i-izvinio-se-nadalu%2F