Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски кој беше стрелец на два гола за Дебрецен на дуелот против Пушкаш Академија, се најде во тимот на колото во првенството на Унгарија.

Напаѓачот одлично се снајде во новата средина, ја имаше помошта при прилагодувањето од неговиот брат Давид и веднаш почна да ги прикажува игрите што се очекуваат од него, искажувајќи ги реализаторските способности.

Доријан Бабунски претходно имаше одлична полусезона и во Бугарија каде постигна десет гола во дресот на Ботев Враца.