Поранешниот фудбалер беше примен во болница на 13 февруари за да продолжи со лекувањето на туморот на дебелото црево, кој му беше откриен во септември минатата година, но при рутински преглед му беше откриен нов проблем.
„Клиничката слика е стабилна и се очекува да биде пуштен од болница во следните денови“, соопштија од бразилската болница.
Пеле на четврти септември минатата година беше опериран во истата болница поради отстранување на туморот, а потоа 10 дена остана на одделение за интензивна нега, за потоа да се соочи со потешкотии со дишењето.
Во последните години познатиот фудбалер имаше многу проблеми со здравјето, а во 2019 година мораше да заврши во болнички кревет поради камен во бубрег.