Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2021/22 е закажано за 28 мај, а ќе се игра во Санкт Петербург.
УЕФА би можела да ја лиши Русија од организацијата на финалето на Лигата на шампионите.
Европската куќа на фудбалот размислува да го смени стадионот на кој би се играло финалето поради тензиите меѓу Русија и Украина.
Ако Русија ја нападне Украина и започне војна, Русите ќе останат без финалето на најелитното натпреварување.
УЕФА најверојатно финалето би го преселила на „Вембли“, пренесуваат англиските медиуми.
Ова ќе биде втора година по ред како домаќинот на финалето се менува, откако минатата година финалето беше преместено од Турција во Португалија.