Навивачите од Островот се навикнати да имаат занимација на домашна сцена и кога се игра најпрестижен европски фудбал, а еден натпревар од Лига 2 донесе сцена која не се гледа често.
Колчестер со пресврт славеше над Гримзби со резултат 2:3, ама главна тема на социјалните мрежи е првиот гол кој е постигнат на овој дуел.
Домаќините повеле во раната фаза на мечот благодарение на неверојатна грешка на Овен Гудман, кој демонстрираше како постигнувањето автогол може да стане сложено.
Една вратена топка се обиде да ја смири со глава, но топката доби непосакуван лет за него и заврши во мрежата, што направи да го видиме еден од најчудните автоголови во историјата на Англија.
https://twitter.com/i/status/1716927833002643732