Германскиот РБ Лајпциг го совлада српскиот шампион Црвена Звезда со 3:1, во натпревар на кој Чави Симонс постигна атрактивен гол со кој бундеслигашот поведе со 2:0 и ја најави победата. Гостите намалија преку Стамениќ, но Дани Олмо ги постави конечните 3:1.

Селтик два пати водеше против Атлетико Мадрид, но дуелот заврши со резултат 2:2, додека Борусија Дортмунд стигна до многу важна победа на гостувањето кај Њукасл (0:1).