Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд со победа стартуваше на нолимпискиот турнир, откако оствари победа со 2-1 над селекцијата на Гвинеја во натпреварот од групата А.
Гвинеја одигра храбро и создаде многу шанси, но Нов Зеланд успеа да го сочува минималното водство на паузата, а до крајот само ја потврди победата со втор гол во мрежата на ривалот.
Амаду Диавара ја врати Гвинеја во живот со голот во 73. минута, но потоа се случи грешка во одбраната, која резултираше со втор гол на Нов Зеланд, а овој пат стрелец беше Бен Вејн во 78. минута од мечот. Гвинеја до крајот упати вкупно единаесет удари во рамките на голот, но резултатот не се промени и Нов Зеланд запиша премиерен триумф со 2-1.
Во групата Ц, репрезентациите на Египет и Доминиканската Република ги поделија бодовите во ремито кое заврши со резултат 0-0. Во оваа конкуренција е и Шпанија, која претходно со 2-1 го надигра Узбекистан.