Гигантите од островот Манчестер Сити и Селтик, англискиот и шкотскиот фудбалски шампион, се на американска турнеја, а ноќва одиграа пријателски натпревар, во кој Селтик го доби дуелот со 4-3.
На полувреме Селтик водеше со 3-1, откако Германецот Куен постигна два гола, а Јапонецот Фурухаши ја затресе мрежата на противникот. Единствен стрелец за Манчестер Сити во првиот дел беше младиот Норвежанец Боб. Во воведниот дел од второто полувреме, Манчестер Сити израмни откако Аргентинецот Пероне погоди во 46. минута, а Халанд реализира во 57. минута.
Голот за 4-3 и победа на Селтик го постигна Луис Енрике Палма, фудбалер од Хондурас во 68. минута.
Манчестер Сити ќе одигра уште три натпревари на американската турнеја, против Милан на 28 јули во Њујорк, Барселона на 31 јули во Орландо и против Челзи на 3 август во Колумбус.