Удинезе ја пречека „залетаната“ Болоња во рамките на 18. коло од италијанската Серија А и славеше убедливa победа пред своите гледачи сo 3-0 (1-0).
Гостите од Болоња допатуваа во добра форма и немаа пораз на последните пет натпревари, но Удинезе беше многу помотивиран и сосема заслужено ги освои трите бода. Резултатот го отвори Переира во 23. минута, а минималната предност домаќините ја задржаа и на паузата (1-0).
Во вториот дел Болоња се обиде да заигра поофанзивно на противничката половина, со што му довзоли на домаќинот да создаде уште неколку солидни шанси за да ја запечати победата. Најпрво Лоренцо Лука зголеми на 2-0 во 48. минута, а конечните 3-0 ги постави Мартин Пајеро, само четири минути подоцна. Болоња сега е на петтата позиција во калчото со 31 бод, додека Удинезе стигна само до втората сезонска победа, доволна за петнаесеттото место на табелата.