Големото дерби во Торино меѓу Јувентус и Рома заврши со победа на домаќинот од 1-0, со што „бјанконерите“ ја намалија разликата зад Интер на само два бода.
Јувентус на „традиционален“ начин ја заокружи годината. Тимот на Масимилијано Алегри ја оствари 13. победа во Серија А и со 43 бода се доближи на само два бода негатива до лидерот Интер.
Рома тргна подобро, во 5. минута Кристанте ја погоди стативата, но тоа беше се од тимот на Мурињо. Пред крајот на првиот дел се закани Костиќ за Јувентус, не погоди, ама на стартот на вториот дел Влаховиќ го проигра Рабио и тој го отвори резултатот. Подмладениот Јувентус даде и втор гол пред крајот преку Киеза, но беше поништен поради офсајд.
Јувентус беше подобар противник во првото полувреме и испрати дури девет удари кон голот на Рома, меѓутоа мрежата на гостите остана недопрена.
Адриен Рабио во втората минута од вториот дел конечно го матира Руи Патрисио и им донесе на домаќините водство од 1-0, по што Рома почна да го диктира темпото и да напаѓа, но не успеа да избегне пораз.
Јувентус има 43 бода на второто место, односно два помалку од лидерот Интер, додека Рома е седма со 28 бодови.