Осман Дембеле не ја напушти Барселона во јануарскиот преоден рок, па како слободен играч ќе го напушти каталонскиот клуб во јули кога му истекува договорот. Непрофесионалното однесување и честите повреди го одбележаа неговиот период во Барселона.
Дембеле дојде во Барселона како 19-годишник од Борусија Дортмунд за цели 140 милиони евра. За каталонскиот тим постигна 31 гол на 129 настапи и е најголемиот неуспех во историјата на клубот од Камп Ноу.
За него позитивно мислење немаат ниту навивачите на клубот.
Во пресрет на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико од 23. коло во Ла Лига, Дембеле беше жестоко исвиркан откако спикерот го прочита неговото име. Французинот не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.