„Лисиците“ беа изненадени во период од 23 до 24 минута, кога домаќинот постигна два гола преку Зинцернагел и Џонсон, а маките на Лестер ги зголеми Ворал во продолжение од полувремето, кога погоди за 3-0. Сепак, гостите преку Ихеначо намалија на 1-3 и се надеваа дека во вторите 45 минути ќе може да направат целосен пресврт.
Меѓутоа, Лестер делуваше немоќно на теренот против Нотингем, кој постигна и четврти гол во 61. минута преку Спенс, кој воедно ја потврди победата на поранешниот европски првак со 4-1.