Фудбалерите на Наполи со паметна и сигурна игра дојдоа до триумф на гостувањето кај Венеција (2-0), во меч кој траеше 112 минути и кој донесе многу возбудувања, заедно со еден црвен картон во судиското продолжение.
Гостите напаѓаа цело време, но бедемот пред голот на домашните го срушија дури во 59. минута, кога Виктор Осимен одлично се постави во шеснаесетникот и мајсторски го капитализира одличниот центаршут на Политано. Потоа следуваше рововска битка, со доста шанси, претежно пред голот на Венеција, која имаше пред крајот и можност да изедначи, но Оспина фантастично реагираше. Тоа беше по црвениот картон за Ебуехи, по лошиот старт за кој прво доби само опомена, но по реакцијата од ВАР мораше предвреме во соблекувалната, а пред голот на Петања точно во стотата минута.
Нашиот Елиф Елмас влезе во игра од клупата и тоа во 79. минута на местото на асистентот на првиот погодок за неговиот тим. Наполи со овие три бода се искачи на второто место со ист број бодови со Милан (по 52), еден помалку од Интер, кој има и меч помалку.