Фудбалерите на Тунис се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации со победата над Нигерија со 1-0.
Во следната фаза за ривал ќе ја имаат селекцијата на Буркина Фасо која претходно во текот на денот по пенали го елиминира Габон.
Херој на Тунис беше Јусеф Мсакни, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 47. минута, иако голманот Окоје можеше подобро да реагира.
Нигерија имаше свои шанси, но работата им беше отежната во 66 минута кога Алекс Ивоби доби директен црвен картон по асистенција на ВАР технологијата.
Во 75. минута во игра влезе Умар Садик кој внесе живост во играта на „суперорлите“.
Направи вистински хаос во одбраната на Тунис, а во 91. минута ја имаше најдобрата шанса за израмнување и можно продолжение на натпреварот.
Сепак, излегувајќи пред голманот, тој шутираше многу невешто и ја испрати топката покрај левата статива, па Тунис го прослави пласманот во четвртфиналето.
https://www.youtube.com/watch?v=TACKc7Kuw08