Норвешките ракометари и го нанесоа првиот пораз на шпанската репрезентација на овогодинешното Европско првенство – 27:23 (14:11).
На тој начин на врвот од групата 2 од втората фаза се најдоа три селекции со по шест бода – Норвешка, Шведска и Шпанија.
Двете скандинавски репрезентации ќе играат меѓу себе во последното коло. во вторник на 25 јануари во Братислава, додека Шпанија ќе има нешто полесна задача против последнопласираната Полска.
Две од тие три репрезентации ќе се пласираат во полуфиналето.
На овој натпревар Норвежанецот Бартхолд беше најефикасен на натпреварот со шест гола, а по четири имаа Рајнкинд, Сагосен и Тофт.
Во поразениот табор Македа имаше шест, а Гомеш постигна пет гола.