Влечен од вториот шешир, Пелистер го доби Фуксе Берлин како носител. Од третиот доаѓа долгогодишниот учесник во Лигата на шампионите, Мотор Запорожје, од четвртиот шпанската Ирун Бидасоа, што е добра вест, имајќи предвид дека можен противник беше Фленсбург. Од петтиот доаѓа Скандерборг од Орхус, кој во моментов се наоѓа во втората половина на табелата во данското првнство и последен е Агуаш Санташ, петто пласираниот тим од Португалија.
Првиот натпревар битолчани ќе го одиграат на 25 октомври на домашен терен против данскиот тим. Ова е трета сезона за Пелистер во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, минатите две стигнуваше до осминафиналето, па сезонава посакува да направи чекор напред.