Филип Талески нашиот најдобар ракометар против Норвешка, верува во триумф над Холандија. само треба да го намалиме бројот на грешки и да ја спречиме брзата транзиција на противникот.

Поразот од Норвешка е минато, Македонија сега се фокусира на Холандија, нашиот следен противник.

„Нема за што да жалиме по поразот, зашто квалитетот беше на страната на Норвешка. Имавме големи падови, четири минути во првото полувреме и шест минути во второто полувреме, кои не смеат да се повторат”, вели Талески.

„Заборавен е мечот со Норвешка, мислите ни се насочени кон Холандија. Мислам дека имаме големи шанси, но треба тоа да го покажаме на терен. Знаеме дека нè чека уште побрза игра од Норвежаните, каде што Лук Стеинс кој ја предводи репрезентацијата“.

„Холандија има брза транзиција и мислам дека ако тоа го спречиме, ќе имаме големи шанси за победа. Треба да се враќаме назад и да го спречиме нивното најсилно оружје. Тие не се силни во одбраната”.

„Лук Стеинс најави дека ќе се повлече, меѓутоа селекторот го врати и главниот адут повторно е во игра. Тие имаат слична игра, но и голем број удари од надвор со нови бекови. Гледаме дека прават поголема ротација за разлика од тоа првенство. Треба да сме фокусирани поединечно за секој нивни ракометар”.

„Мислам дека ако ги намалиме техничките грешки, ќе бидеме на добар пат кон победа”.