Репрезентацијата на Фарски Острови доживеа пораз во последното коло од Европското првенство во Германија и го заврши својот настап на дебитантското учество на континенталните шампионати.
Во дуелот со Полска, Фарски Острови загубија со 28-32, но селекцијата си заминува дома како миленик на сите нетруални љубители на ракометот. Пред два дена освои историски бод против Норвешка, но за првата победа ќе треба да почека барем две години, но следното првенство.
Репрезентацијата на Фарски Острови беше рамноправна до 57. минута кога преку Тејгум намалија на 28-29. Полјаците потоа не примија ниеден гол, постигнаа три гола во низа и дојдоа до првата победа на првенството која, сепак, не им значи ништо бидејќи беа испаднати по второто коло.
Тројца ракометари на полската репрезентација постигнаа безмалку 80% од вкупниот број голови. Најефикасен беше Сичко со десет, Шипжак додаде девет, а Једрашчук шест.Кај Фарски Острови, Тејгум постигна десет, а Скипаготу девет гола.
Чешка во дуелот за престиж убедливо ја совлада Грција (29-20) и го заврши ЕП 2024 со победа. Работата тимот си ја заврши уште по првото полувреме (15-8). Штерба даде седум гола кај Чесите, а Кедерис постигна пет голови за Грција.
Босанците уште еднаш ја разочараа својата нација. На првенството на кое се очекуваше подобра игра, БиХ завршува со три порази на три меча. Балканската селекција загуби и од Грузија (19-22).