Тимот на Струга забележа победа со 30-25 во првото коло од плеј-аутот против Скопје, во натпревар во кој видовме две различни полувремиња. Првото донесе изедначена игра, додека второто во целост им припадна на домаќините.
Натпреварот започна ефикасно со голови и на двете страни Филип Василевски го отвори натпреварот, а Никола Цветаноски возврати на другата страна. Во такво темо се продолжи и во наредните, немаше многу одбрани на голманите и ниту една од екипите не успеваше да направи ниту два гола предност се до самиот финиш од првиот дел.
До два гола предност за првпат на натпреварот стигнаа домаќините со голот на Жарко Барјактаревиќ во 28. минута. Предноста од два гола Струга ја задржа до крајот на првиот дел па на пауза замина со 15:13.
Струга влезе многу посигурно на стартот од вториот дел и со двата гола Никола Цветановски и еден на Владан Кастротовиќ започнаа да ја зголемуваат предноста. Тие први минути во овој втор беа и клучни за победникот, по десет минути игра Струга веќе водеше со шест разлика и стануваше јасно каде одат бодовите (22:16).
Ништо не се промени во продолжение домаќинот успешно ја одржуваше предноста и на крајот стигна до победата со конечни 30:25.
Најефикасен кај Струга беше Славе Јанковски, Тодор Јанкуловски остана на шесте гола од првиот дел, исто толку постигна и Барјакатаревиќ. На противната страна Александар Василевски осум пати ја погоди мрежата.