Каталонскиот клуб со еден директен шут за 90 минути успеа да даде два гола, зашто единствениот директен удар на Уругваецот Леандро Кабрера заврши во мрежата за водство во 17-та минута, а потоа десет минути потоа сонародникот на Кабрера од спротивната страна, Ерик Кабако си даде автогол и победникот практично беше решен.
Еспањол немаше победа од последниот ден во ланската 2021 година, кога на 31 декември славеше на „Местаља“ кај Валенсија со 2-1, па сега после 64 дена конечно успеа да се израдува на триумф, нивни осми во оваа сезона.
Еспањол со триумфот сега има 32 бода и е 12-то пласиран со исто бодовно салдо како и Селта која е пред нив на табелата. Хетафе, пак, остана на 27 бода, пет над зоната за опстанок.