Ристовски асистираше за вториот гол на Бруно Петковиќ во 56-та минута, откако Петар Бочкај погоди за водство по 16 минути игра, а младиот Мартин Батурина стави печат на победата со голот во 76-та минута.
Динамо со победата го искористи киксот на Осиек кај Локомотива со ремито без голови, па загрепчани сега се први со ист број на бодови, но подобра гол-разлика и со меч помалку од главниот конкурент за титулата.
Капитенот на Динамо, Аријан Адеми очекувано поради повредата не играше, но се очекува според најавите од Хрватска да биде подготвен за дербито во Сплит, со што би бил подготвен и за предизвикот со Македонија во мундијалскиот бараж на 24 март против Италија во Палермо.