Суперталентираниот стопер, младиот сенегалски фудбалер Микајил Фаје утре би можел да дебитира за првиот тим на Барселона, на првенствениот дуел со Кадиз.
Никој не веруваше во вакво сценарио кога тој пред неколку месеци се пресели во Каталонија од хрватскиот второлигаш Кустошија, па никој не очекуваше дека неговиот развој и прогрес ќе биде толку брз. Утрешното деби го најави лично тренерот на Барса, Чави на денешната прес-конференција.
„Утрешниот ден може да биде голем за Мика Фаје. Го гледам како дел од првиот тим, интересен момент е и ова е неговиот момент“, изјави Чави.
Барса оваа година промовираше неколку млади фудбалери од својата школа на кои сигурно ќе смета во иднина. Фаје не е од Ла Масија, но по се изгледа му претстои светла иднина во каталонскиот клуб.