Најдобриот фудбалер на ПСЖ и еден од најдобрите напаѓачи во светот, Килијан Мбапе, од следната сезона ќе настапува во шпанската Ла Лига. Барем такви се очекувањата, со оглед на тоа дека договорот со „светците“ му истекува на лето, а неговиот следен клуб ќе биде Реал Мадрид. Французинот имаше можност да почувствува како е да се игра против екипа од Ла Лига, но и како е да бидеш чуван од младиот мегаталент на Барселона, Пау Кубарси.
17-годишниот дефанзивец на „каталонците“ само вторпат настапи во Лигата на шампионите, откако дебитира на реваншот против Наполи и го воодушеви фудбалскиот свет, а вечерва одигра нова фантастична партија и тоа против еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе.
Mbappé vs. 17-yeard old Pau Cubarsí: – 0 shots on target – 3/12 duels won – 1/4 dribbles completed
Фудбалерот на ПСЖ во текот на целиот натпревар не успеа да упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, доби само три од 12-те дуели против младиот каталонец, а од четирите дриблинзи, само еднаш мина крај одличниот Кубарси.
Според прикажаното на дуелот со Барса, очигледно Мбапе ќе мора подобро да се подготви за предизвиците во Ла Лига следната сезона, со оглед на тоа дека шпанското првенство е далеку поквалитетно од француското.