Голманот на Замалек, Мохамед Абу Габал, инаку резервен голман на „фараоните“ беше херојот за ново финале, со два одбранети пенали од трите промашувања на ужасните Камерунци, кои во пенал-рулетот успеаа да дадат само еден гол од четири шута.
Абу Габал им ги запре ударите на Харлод Мкуиди и на Џејмс Леа Силики во втората и третата серија, а Клинтон Н’Џие промаши цел гол во четвртата за конечна победа. За Камерун гол од пенал даде само Винсент Абубакар, додека за Египет прецизни беа Зизо, Мохамед Абделмонем и Моханад Лашин.
Египет има седум титули африкански првак од девет финалиња, па сега против Сенегал ќе ја брка осмата круна. Сенегал, пак, досега има само две финалиња и два порази во пресметките за трофејот, додека Камерун како втора најтрофејна нација во Африка останува на своите пет титули.
За Египет ова е прво финале по 2017 година, а титула нема освоено од 2010 година или веќе 12 години.