Баер Леверкузен го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 и го држи курсот за пласман во Лигата на шампионите. Но, затоа Лајпциг со вториот пораз по ред полека ги губи шансите за елитното европско натпреварување.
Паулињо и Патрик Шик стрелаа за Баер Леверкузен и донесоа нов триумф, а Борусија Менхенгладбах го победи Лајпциг со 3-1.
Јонас Хофман беше двоен стрелец за домаќинот, а погоди и Брил Емболо.