Екипата на Рајо Валјекано со нашиот Столе Димитриевски на голот доживеа пораз на гостувањето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад. Поразот дојде по пресврт и автогол на девет минути пред крајот за конечни 1-2 по кои баскискиот тим се зацврсти на четвртото место, позиција која води во Лигата на шампионите.
После полувреме со празни мрежи, Рајо успеа да поведе во 57-та минута од мечот преку Палазон (голот ТУКА), но радоста траеше само 120 секунди, зашто Сосиедад се врати во мечот со израмнување во 59-та преку Сорлот (голот ТУКА), а коганатпреварот влезе во последните десет и наликуваше на реми, Флоријан Лехуене, стоперот на Рајо го матираше Димитриевски за да им донесе победа на Баскијците, откако на голот кумуваше со лошо излегување на центаршутот на нашата „единица“ (голот ТУКА).
Сосиедад со победата сега има 54 бода, шест повеќе од Бетис кој се сопна денеска во Памплона кај Осасуна, а Вилјареал е на 47 со меч помалку. Рајо со десеттиот пораз остана на 40 бода на деветото место, еден зад Осасуна, а шест зад Атлетик Билбао.