За еден час, Баскијците ја завршија работата и да победат во заостанатиот меч од 21-то коло во шпанската Ла лига, а Давид Силва на својот јубилеен 500-ти меч во елитните лиги донесе водство во 35-та минута, а Микел Мерино во 62-та го дуплираше водството и стави печат на триумфот.
Со победата, Реал Сосиедад сега дојде до 44 бода од 26 меча и е на шестото место, еден зад петтиот Атлетико Мадрид и од четвртата Барса, која има меч помалку, а два од третиот Бетис. За разлика од нив, Мајорка со 12-от пораз, петти во последните шест меча, останува при самото дно со 26 бода, пет повеќе од опасната зона за испаѓање од Кадиз и Алавез.