Никола Јокиќ на крајот од оваа НБА сезона треба да го потпише најголемиот договор во историјата на кошарката. Актуелниот МВП на најсилната лига во светот во следните пет години би требало да заработи 241 милиони долари. Оваа информација ја објави агентот на Јокиќ Мишко Ражнатовиќ во интервју за Urbonus Podcast. Очекуваме потпишувањето на тој договор да се случи летово. Тоа е најголема можна сума, но Никола апсолутно го заслужи тоа“, изјави Ражнатовиќ.
Благодарение на освојувањето на наградата МВП, Јокиќ дојде на позицијата да потпише супермакс договор. Неговиот договор ќе го собори рекордот на Џанис Антетокунмпо од Милвоки. Расел Вестбрук во Лејкерс (207 милиони долари), Руди Гоберт во Јута Џез (205 милиони евра) и Стеф Кари во Голден Стејт (201 милион долари) исто така заработија повеќе од 200 милиони долари за еден договор.
Договорот на Јокиќ ќе расте од година во година. Тој треба да заработи 42,66 милиони долари во првата сезона, 44,8 милиони во втората, 48,2 милиони во третата, 51,5 милиони во четвртата и дури 54,8 милиони долари во последната година од договорот.
Последниот договор српскиот центар го потпишал во 2018 година, а според него до 2023 година требало да заработи 148 милиони долари. Јокиќ е најголемиот фаворит за МВП наградата оваа сезона заедно со Џоел Ембиид, а постигнува по 25,5 поени по натпревар со 13,8 скока и осум асистенции.