Серхи Стаховски, украинскиот тенисер кој на почетокот на оваа година ја заврши кариерата со пораз на стартот од квалификациите за Австралија опен, реши да ја брани Украина како волонтер од руската инвазија.
На турнирите во кариерата има заработено повеќе од пет и пол милиони долари. Пред неколку дена го остави семејството во Унгарија и се врати во Украина.
„Децата не знаат каде сум, а жена ми не зборуваше со мене цел ден кога и ја кажав одлуката. Немав време да тренирам. Знам да користам пиштол. Се надевам дека нема да морам да го искористам но ако треба, подготвен сум“, изјави тенисерот.
Стаховски откри дека само Новак Ѓоковиќ го повикал од тенискиот врв. “Новак ми испрати порака за поддршка, дури и малку разговаравме. Неуспешно се обидов да ги контактирам Федерер и Надал, жал ми е што повеќе сакаат да молчат. Донекаде ги разбирам, ова не е нивна војна”, изјави Стаховски, кој е најдобро запаметен по неговата победа над Роџер Федерер во 2013 година на Вимблдон.