Руската биатлонка Валерија Васнецова на Инстаграм ја критикуваше лошата исхрана на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа објави фотографија на која се гледаат неколку макарони, компири, малку сос и неколку парчиња месо. “Стомакот ме боли, многу сум бледа и имам големи темни подочници. Готова сум. Плачам секој ден, толку сум уморна”, напишала Русинката покрај фотографијата.
Васнецова јадеше од ова мени најмалку пет дена по пристигнувањето во олимпискиот балон.
https://twitter.com/JoePompliano/status/1490711904913870856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490711904913870856%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fruskinja-objavila-sto-je-jela-na-igrama-pet-dana-trbuh-me-boli-svaki-dan-placem%2F2338148.aspx
Асошиетед прес додава дека поплаките на руската биатлонка биле успешни бидејќи сега добива поразновидни оброци во поголеми количини.