Поранешниот италијански тенисер Никола Пјетранџели се осврна на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев во финалето на УС Опен.
“Кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите, освоив 44 турнири, од кои четири беа Ролан Гарос. Со наградите што ги добив, не можев да купам ниту мал стан. Тенисерите добиваат два и пол милиони долари денес за освојување на Гренд слем. Ѓоковиќ на пример има 500 милиони долари во банка и сеуште излегува и игра финале под стрес? Дали се шегуваме? Сегашната ситуација е дека тенисот е игра на нерви за милијардерите. Играчите станаа воени машини. Од што се под стрес , од броење пари ? – “Кога слушам дека се депресивни, се нервирам. Најдоброто од големата тројка за мене е Федерер, тој е од друга планета”, рече Петранѓели.
Денес, 88-годишниот, Петранџели некогаш беше еден од најдобрите тенисери во светот. Тој го забележа најдобриот пласман во кариерата на крајот на педесеттите години, кога беше трет играч во светот.