Шпанскиот атлетичар Енрике Љопис на носилки ја заврши трката на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала во Истанбул, откако се сопна на една од пречките и силно со глава удри на стазата.
Тој веднаш остана без свест, што беше знак за лекарскиот тим да влезе на патеката за да му укаже помош. Неизвесноста околу неговото здравје траеше неколку минути, по што дојде информација дека Шпанецот се разбудил.
https://twitter.com/VoicesofTnF/status/1632447481416908804?s=20
За да го заштитат од камерите и публиката на трибините, веднаш околу него беше ставена заштитна завеса, се до моментот кога со автомобил го изнесоа од салата. Тежината на неговите повреди допрва ќе се утврдува.