Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија победувајќи го Дилијан Вајт со нокаут во шестата рунда.

Фјури најави дека ова е последен меч во неговата кариера, но по толку доминантен настап над силен тешкаш како Вајт, можеби е можно да се очекува да продолжи со боксот.

Во текот на сите шест рунди, Тајсон Фјури беше подоминантен борец и борец кој го диктираше темпото, удирајќи го противникот директно и го пробиваше неговиот гард од првата рунда.

Навремени „Л вртења“ за бегство на страна и квалитетна контра е нешто што го красеше Фјури во текот на неговата кариера, па Дилијан Вајт не можеше да му парира.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1517981477719396354?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517981477719396354%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fborilacki%2Fboks.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D23nav_id%3D2144563

Технички умешниот боксер „боцкаше“, удираше, се движеше и му создаваше проблеми на Вајт, кој ја чекаше својата шанса да „залета“ на Фјури, но не ја дочека.

Фјури со одличен аперкат низ раце го испрати Вајт на подот, а на судијата не му преостана ништо друго освен да ја прекине борбата, па Тајсон Фјури стигна до голема победа со нокаут во шестата рунда.