Екипите на Болоња и Наполи одиграа нерешено и ги поделија бодовите во 31. коло од Серија А. Наполитанците дојдоа до водство во 18. минута преку Андре-Франк Замбо Ангиса, кој постигна прекрасен гол после индивидуален продор. Ангиса ја прими топката на средина од теренот, истрча половина терен, го издрибла и голманот Скорупски и ја затресе празната мрежа.
Изедначувањето стигна во 64. минута кога швајцарскиот репрезентативец Дан Ндоје се снајде одлично во шеснаесетникот и со мајсторски удар со петица го совлада противничкиот голман.
🚨🇮🇹 GOAL | Bologna 1-1 Napoli | Dan Ndoye
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 7, 2025
WHAT A BEAUTIFUL FINISH FROM DAN NDOYE !!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/oRyjLET4MF
Со ова реми, тимот на Наполи но не успеа уште повеќе да се доближи до врвот, па останува со три бода помалку од лидерот Интер на врвот на табелата кој ремизираше со Парма, додека Болоња со овој бод стигна до 57 и ја задржа четвртата позиција на табелата, што носи пласман во ЛШ.